Поранешниот гангстер Двејн „Кефе Д“ Дејвис е осуден на 40 години затвор поради организирање на убиството на раперот Тупак Шакур во Лас Вегас во 1996 година.
По 20 години му се изречени за убиството и за користење смртоносно оружје.
Со изрекувањето на пресудата се заокружува еден од најконтроверзните нерешени случаи во Америка, без дефинитивен одговор кој го застрелал 25-годишниот рапер во престрелката и бркотницата со коли во Лас Вегас.
На Дејвис му се судеше за организирање на убиството, како одмазда затоа што Тупак му го претепал внукот во казино. Не се знае точно кој од неговата придружба пукал во раперот. Сите осомничени веќе се починати.
Кимберли Гилфојл поднесе оставка од функцијата амбасадорка на САД во Грција, откако тоа јавно од неа го побара Белата куќа поради бројни обвинувања за „несоодветно“, а можеби и незаконско однесување за време на нејзиниот мандат во Атина.
„Вршеше добра работа, но не ни се допаѓаше она што го читавме... Повеќе нема да биде таму“, изјави претседателот Трамп. Додаде дека Гилфојл никогаш не била дел од неговото семејство, иако со години му беше свршеница на неговиот син.
„Несоодветното однесување“ на Гилфојл опфаќаше закана до Грција, примање подароци и услуги, како и понуда да го искористи своето влијание во републиканската администрација во замена за плаќање на долг од 100.000 долари на кредитна картичка.