Како функционира „оската“ Вашингтон- Брисел
27 март 2026
- Откако во воздух им го дигнаа Северен тек (а војната во Иран дополнително ја скина катарската алтернатива за течен природен гас), ЕУ остана обврзана со минатогодишниот договор со САД од нив да го набабува овој енергенс.
- Договорот е огромен - 750 милијарди долари до 2028 година; Фон Дер го опишуваше како неопходен а Трамп како галантен бидејќи понудил повластена цена.
- По процедура, договорот дојде пред европските законодавци.
- Непосредно пред гласањето, американскиот амбасадор во ЕУ ја уцени Европа дека ако проба да смени запирка во договорот, ќе ја изгуби понудената цена.
- Европскиот парламент го изгласа договорот.