- Рекорден број од 7,3 милиони Канаѓани, што е една четвртина од гласачкото тело, веќе го искористиле правото на глас, иако сè уште трае кампањата за парламентарните избори на 28 април.
- Согласно изборните правила, гласачките места во Канада беа отворени и за време на велигденските празници. Само во петокот гласале 2 милиони луѓе.
- На изборите во 2021 година, предвреме гласале околу 6 милиони луѓе.
- Зголемен е и бројот на гласови испратени по пошта, од 660.000 на претходните избори, на 754.000 сега.
- Анкетите покажуваат дека владејачките либерали на Марк Карни имаат предност од 5 поени во однос на опозициските конзервативци.
- Кампањата се фокусираше на односите со САД, откако Трамп воведе тарифи од 25% за увоз на стоки и говореше дека Канада треба да стане 51-ва американска сојузна држава.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.