- Ни левиот ни десниот политички блок во Данска не го добија потребното мнозинство (90 места) на парламентарните избори во земјата.
- Владејачките социјалдемократи на премиерката Мете Фредериксен остануваат најголема партија во Данска но во однос на претходните избори во 2022 година изгубија 12 мандати.
- Ова е нивен најслаб резултат од 1903 година.
- За идна влада Фредериксен ќе треба да прави широка коалиција во која Умерените на Расмунсен ќе имаат улога на „кингмејкер.“
- Најголем скок на последниве избори имаат десничарите од Данската народна партија. Освоија речиси тројно повеќе од претходните избори: имаа 2,6% и пет мандати, сега освоија 9,1% и 16 мандати. Се фокусираа на проблемот со имиграцијата, данокот на гориво и традиционални десни теми со што одземаа добар дел од десните гласачи во Данска.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.