- Двајцата поранешни директори на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски и Коста Петров за три години потрошиле околу 750.000 евра на хонорарци, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.
- Може немале луѓе па морале да ангажираат од страна? Проблем е само што од 16 систематизирани работни места, пополнети биле само 8.
- Ревизорите во извештајот тврдат и дека ФИТР нема направено ниту категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции, а не е формирана ниту Комисија за оценување на стручните лица.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.