- Владата не кажува дали ќе ги замрзне цените на основните прехранбени производи пред најавите за бран од поскапувања.
- Ама затоа кажува дека „е во постојан отворен дијалот“, „ќе продолжи да биде партнер“, „ќе ги следи состојбите“ и дека имаат „Платформа за социјално-економски дијалог“.
- Чувствувате како од сета оваа силна проактивност на Владата во супермаркетите веќе почнаа да ги враќаат старите цени од пред неколку месеци?
- Сајтови на владини агенции низ Европа вчера привремено беа исклучени од интернет додека не се закрпат големи безбедносни пропусти во кодот на глобалната мрежа. Проблемот се решава со инсталирање на четири надградби.
- Алатки со вештачка интелигенција откриле две критични ранливости во програмскиот јазик PHP, кој се користи во речиси 70% од сите веб-страници.
- Кога некој посетител ќе отвори страница, серверот кој работи на PHP ја составува содржината и ја испраќа до прелистувачот. Софтверот е бесплатен и со отворен код, одржуван од волонтери.
- Пропустите овозможувале преземање контрола врз ранливи сервери без потреба од лозинка. Постоеле речиси 20 години, но се верува дека не биле злоупотребени, бидејќи постапката за хакирање е исклучително сложена.
- Дефектите биле забележани уште на 1 август и во изминатите два и пол месеци се работело на изнаоѓање решение. Во овој период имало обиди за хакирање сервери.
- Претседателот Владимир Путин се согласил да ги обнови мировните преговори со Украина, по средбата со американскиот мировен пратеник Стив Виткоф во Царската палата во Санкт Петербург.
- Првата средба на делегации од Русија, Украина и САД би можела да се одржи веќе на 10 ноември во Абу Даби.
- Володимир Зеленски, кој претходниот ден се сретна со Виткоф во Осло, изјави дека би прифатил мировен договор со кој Украина и Русија би се разграничиле по сегашната линија на фронтот.
- Кремљ забележа дека предлозите од Украина и од Европа утврдени во Осло „имаат малку суштина“ и дека Москва инсистира на преговорите да се решат и долгорочните прашања.
- „Ова е најблиску што сме биле до завршување на војната во Украина“, оцени Доналд Трамп.
- Државниот секретар Марко Рубио изјави дека и Русија и Украина ќе мораат да се откажат од некои свои барања ако сакаат да заврши војната. Истакна дека Русија е поканета на самитот на Г-20 во Мајами, на кој би можел да учествува шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, па дури и Путин.