Иконографиите не се репер за добро управување, велат оние кои управуваат со брусење сонца по шахти
31 мај 2020
Лојалниот партнер на СДСМ, генералот Николовски, на изборите ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде што е власта таму треба да бидеме и ние“.
„Ние како Партија на пензионери досега бевме дел од коалицијата со СДСМ. Водевме дискусија во извршниот и централниот одбор. Од 100 присутни членови, само неколкумина предложија да настапиме самостојно, ниту еден не беше за останување со СДСМ, а дури 90% се изјаснија за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е јасна, да одиме со власта“, изјави Николовски.
Немале да бараат само повеќе советнички места, туку и министерски и директорски позиции.
Николовски беше еден од оние кои гласаа да си го смениме името.