- Американското Национално јавно радио (НПР) и три радиостаници од Колорадо го тужат претседателот Доналд Трамп пред федерален суд во Вашингтон поради тоа што им го блокирал пристапот до фондови одобрени од Конгресот на САД.
- Трамп на 1 мај потпиша наредба за укинување на федералното финансирање за НПР, наведувајќи дека сервисот „објавува вести и содржини кои не се фер, точни и непристрасни“.
- НПР тврди дека претседателот го прекршил Првиот амандман од Уставот, кој ја заштитува слободата на говорот и на печатот, и ги узурпирал правата на Конгресот да усвојува закони и да решава како ќе се трошат федералните пари.
- „Наредбата го загрозува опстанокот на јавниот радиски систем, кој им служи на милиони Американци за да добиваат витални вести и информации“, додава НПР.