- Двете војски мометално работат на интегрирање на холаднската 13-та лесна бригада со германската 10-та Панцер дивизија.
- Холандија има вкупно три борбени бригади од кои две ќе бидат интегирани во германската војска. Во април холаднската влада треба да одлучи што ќе прави со последната бригада со 8.000 војници.
- Планот треба да резултира со заеднички сили од околу 50.000 војници, од кои 24 илјади од Холандија. Спојувањето не го вклучува специјалните сили на холаднската армија.
- Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
- Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
- Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134.
- Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
- Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
- На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи.
- Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
- Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.