Грчкиот парламент остана без Спартанци
11 јуни 2025
- Специјален трибунал во Атина им ги одзеде мандатите на тројца пратеници од неофашистичката партија Спартанци, вклучувајќи го и лидерот Василис Стигас, поради изборна измама.
- Првпат по падот на воената власт Парламентот во Атина ќе има 297 наместо 300 пратеници. Нема да има избори за пополнување на преостанатите места. Мнозинството за усвојување закони се намалува на 149 гласа.
- Специјалниот трибунал пресуди дека иако Стигас бил наведен како претседател на партијата, вистинскиот лидер бил Илијас Касидијарис, поранешниот водач на веќе распуштената неофашистичка партија Златна зора, кој отслужува затворска казна. Тоа е спротивно на законите, бидејќи на партиите им е забрането да учествуваат на избори ако нивните вистински лидери се осудени за кривични дела.
- На изборите во 2023 година Спартанци освоија 12 пратенички места. Сега нема да имаат ниту едно. Седуммина веќе се прогласија за независни пратеници, а тоа ќе го направат и преостанатите двајца.