- По тој 17 јуни 2018 година, денот на потпишувањето на Преспанскиот договор, со менувањето на историското име на државата, на Македонија требаше да ѝ се отворат сите порти, врати и капиџици на европската иднина. Според тие ветувања за иднината, што денеска се веќе седумгодишно минато, Македонија со географска одредница во името, денес веќе требаше да биде барем две години членка на Европската Унија.
- Според професорот Љубомир Цуцуловски, во правна и легислативна смисла е ништожен, бидејќи не исполнува повеќе услови за да ја стекне и да ја има својата легитимност и законитост.
- „Дури и со само еден аргумент за неговата нелегалност, Договорот од Нивици може да биде раскинат. Меѓутоа, седум години подоцна, сите политички фактори во Македонија, се однесуваат спрема овој договор како да е легален, односно – велат: факт е дека постои. Но, да направиме една парабола: кога ќе се случи некој криминален настан, кражба или убиство – факт, реалност, стварност е дека се случил настанот. Но тоа не значи дека стореното е легално!“, вели Цуцуловски.
- Професорката Ванковска и денес е на позицијата дека „го трампавме уставниот суверенитет, идентитетот, па дури и АСНОМ за влез во воена алијанса“. За негово евентуално раскинување смета дека решението е во „политичка волја, интегритет и знаење на меѓународното право (Виенската конвенција)“.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.