- Глобалната задолженост достигна ново рекордно ниво од 324.000 милијарди долари, објави Институтот за меѓународни финансии.
- Во првиот квартал од оваа година, долгот се зголемил за 7.500 милијарди долари, најмногу поради новите задолжувања од Кина, Франција и Германија. Само Кина се задолжила 2.000 милијарди.
- За споредба, просечното зголемување на глобалниот долг во првиот квартал во претходните три години било 1.700 милијарди долари.
- Глобалниот долг сега изнесува 325% од вкупното светско производство.
- Земјите во развој до крајот на 2025 година ќе мораат да отплатат рати во рекордна сума од 7.000 милијарди долари. Развиените земји ќе им платат на кредиторите 19.000 милијарди.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.