- Против поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски и уште три лица е поднесена кривична пријава за финансиски малверзации тешки над 116.000 долари.
- Според пријавата, Фрчкоски постапувал спротивно на инструкциите од Министерството за надворешни работи и мислењето на Министерството за финансии, при располагање со 3,99 милиони долари од продажба на сукцесиски имот на СФРЈ во Њујорк.
- Иако најголем дел од средствата биле префрлени во државниот буџет, остаток од речиси 59.000 долари останал на сметката на мисијата, а потоа бил незаконски потрошен, стои во пријавата.
- „Средствата биле употребени за прекумерни репрезентации, нерегуларни трошоци за телефони, службени патувања, аванси, како и повлекување пари од касата за поправка на службено возило без дозвола од МНР“, се наведува во поднесената пријава.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.