- Покрај стандардното стражарско обезбедување, уште двајца полицајци постојано ќе дежураат во ќелија до онаа на Никола Саркози за да не му се случи нешто на поранешниот француски претседател во затворот Ла Санте во Париз.
- Саркози вчера пристигна во затворот во кој треба да помине пет години како казна за нелегално финансирање на својата кампања со пари од Либија.
- „Поранешниот претседател на Републиката ќе има засилено обезбедување поради неговиот статус. Јасно е дека е под закана. Ќе биде чуван додека е во затвор“, изјави министерот за внатрешни работи Лорен Нуњез.
- Саркози бил префрлен во изолирана единица, во која затворениците се сами во ќелиите и не им е дозволен меѓусебен контакт при прошетките и оброците. Дежурните полицајци во соседната ќелија ќе ротираат, но секогаш ќе има по двајца.
- Синдикатот на затворските стражари се побуни поради присуството на полицајци во затворите. „Перфектно сме способни да ја гарантираме безбедноста на затворениците. Нема потреба од засилувања“, изјави Никола Пејрин од синдикатот ЦГТ.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.