- Обвинението, што Џеј-Зи го отфрла, е дека дрогирал и силувал 13-годишно девојче за време на „афтерот“ по МТВ видео-музичките награди во 2000.
- Федералната тужба која првично го именува само Диди, викендов била одново поднесена и надополнета со името на Џеј-Зи. Во нејзе се наведува дека за време на силувањето во просторијата имало и неименувана женска славна личност.
- Според сведочењето на девојката, Џеј-Зи прв ја силувал, а кога дошло ред на Диди, таа успеала да му пружи отпор и да избега.
- Џеј-Зи го отфрла обвинението порачувајќи дека тоа е обид за негова уцена.
- Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење.
- „Последните добиени резултати покажуваат дека водата е микrобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
- На граѓаните им се препорачува пред да ја користат за пиење, водата од чешмите добро да ја истечат.
- „Изгледаат како варени. А не се работи за само една или две ниви,“ вели земјоделец од јужнокорејскиот округ Јанг за своите насади со компири кои за само неколку дена екстремни температури станале меки и почнале да се распаѓаат.
- Во градот Јангсан, на втори август била измерена највисока температура во земјата откако започнале современите мерења. Топлотниот бран е поврзан со најмалку 31 смртен случај, угинале над 900.000 грла добиток и 1,4 милиони одгледувани риби.
- Во Јапонија за првпат бил прогласен „брутално топол ден“ а топлотниот удар бил смртоносен за три лава во Зоолошката во Токио.
- Хонг Конг летово измерил највисоки температури од кога тие почнале да се мерат во 1884. година.
- Екстремните топлини ги погодија и Кина каде во градот Ксинјанг се измерени 50 степени и Северна Кореја која има ноќи во кои температурата не паѓа под 25 степени.