Ветерот од вчерашното невреме во Македонија го надминал нивото на оркан, дефинирано како ветер чија брзина надминува 118 километри на час.
Најсилниот удар, со максимална брзина од 134 км/ч, бил измерен во 17.00 часот во метеоролошката станица во Штип. Во Скопје во 16.10 часот и во струмичко Ново Село во 17.50 брзината достигнала 130 км/ч, според податоците на УХМР.
На мерната станица Амзабегово е регистрирана „орканска олуја“ – ветер од 113 км/ч, а во Во Кочани, Радовиш, Тетово, Кратово, Виница и Црешево имало „силна олуја“, со брзина на ветер до 100 км/ч.