- Кај две лица во Скопје се потврдени првите случаи на заразната болест мајмунски сипаници во Македонија. На Клиниката за кожни болести случаите биле потврдени со три различни начини на лабораториски испитувања.
- Епидемиолози од Институтот за јавно здравје ги анкетираат двајцата пациенти за да се добијат податоци за понатамошно испитување. Препорачано е да се јават на Инфективната клиника.
- „Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено се преземаат сите потребни мерки“, објави ИЈЗ.
- Мајмунските сипаници се заразна болест што се пренесува од животни на луѓе, но може да се пренесе и од човек на човек. Симптомите се главоболка, висока телесна температура над 38, зголемени лимфни јазли, болка во мускулите, телото и во грбот. За повеќето здрави луѓе, болеста поминува за 2 до 4 недели без сериозни компликации.
- Ризикот за пренос во секојдневни услови е мал, освен ако нема директен и продолжен контакт или преку телесни течности. Нема вакцина за мајмунски сипаници, но оние против големи сипаници се покажале како успешни.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.