- Без срам и перде, господинот Бујар Османи вчера јавно, пред телевизиски камери, излажа дека поради грешка со поставување знамиња, оставка поднел директорот за протокол во МНР, наведува во писмо Македонскиот дипломатски синдикат.
- До кога ќе ја лаже јавноста господинот Османи? До кога ќе го жртвува угледот на дипломати за да се заштитите себе си од одговорност? Каква е таа оставка од државен службеник? Такво нешто не постои. Тој многу добро знае дека оставки може да поднесуваат само функционери.
- Лагата околу наводната оставка да биде уште побескрупулозна, споменатиот колега за една недела заминува на амбасадорска позиција во една голема земја, за каде што картите му се извадени уште пред инцидентот со знамињата. За каква оставка зборува господинот Османи?, прашуваат дипломатите.
- Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР од утрово вршат претреси на десетина локации низ земјата во рамки на истрага за финансиски злоупотреби во здравството.
- Според неофицијални информации, со акцијата се опфатени лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење, измама и перење пари.
- Меѓу осомничените е и поранешниот директор на ФЗО, Ден Дончев.
- Осомничените наводно го оштетиле буџетот за 1,5 милиони евра, а оштетени биле и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.
- Владата на Еди Рама воведе парични казни до 500.000 леки (околу 5.500 евра) за луѓе што учествуваат на насилни протести во Албанија.
- Сумата е приближно шест просечни плати. Казната ќе важи за сите демонстранти, без оглед дали лично биле вклучени во насилства. Лица што го кријат идентитетот се соочуваат со казни од 10.000 до 100.000 леки.
- Албанци од мај демонстрираат во Тирана против проектот за изградба на комплекс со луксузни хотели во природен резерват. Во компанијата вклучена во проектот учествува и Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.
- Кон средината на октомври, протестите се проширија со студентски барања поврзани со корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостатокот на перспективи за младите.
- Во изминатите денови имаше и жестоки судири на демонстрантите со полицијата во Тирана.