- Вооружен маж убил дете и маж вчера во Прилеп, а по соочување со полицијата самиот си го одзел животот.
- Според локални медиуми, напаѓачот ги застрелал својот малолетен внук и својот зет во нивната куќа во центарот на Прилеп, близу кружниот тек кај Карпалак.
- Тој држел неколку лица како заложници, а кога интервенирала полицијата, кон неа фрлил експлозивна направа и отворил оган, е накаде после полноќ самиот си го одзел животот.
- Европската Унија и Мексико изразија разочарување за тарифите од 30% со кои им се закани Доналд Трамп, предупредија дека ќе возвратат, но изразија и спремност да преговараат со САД до 1 август, кога треба да стапат на сила.
- Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен се закани со „пропорционални контрамерки“, иако Трамп веднаш предупреди дека уште повеќе ќе ги крене царините ако партнерите тргнат во трговска војна. Францускиот претседател Макрон поддржа „кредибилни контрамерки“, но италијанската премиерка Џорџа Мелони верува дека може да се постигне фер договор за да не почне трговска војна преку Атлантикот. И мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум е оптимистка дека ќе биде постигнат трговски договор со САД пред 1 август.
- „Имавме години да дискутираме за трговските односи со Европската Унија и заклучивме дека мораме да завршиме со овие долготрајни, големи и постојани трговски дефицити, засилени од вашите тарифи, нетарифни мерки, политики и трговски бариери. Нашите односи, за жал, беа далеку од реципрочни“, предупреди Трамп во писмото до ЕУ.
- На 2 април Трамп објави царина од 20% за увоз на производи од ЕУ. Кога преговорите со ЕУ заглавија, тој се закани со тарифи од 50%. До крајниот рок на 9 јули не беше постигнат трговски договор. Во 2024 година САД имаа дефицит од 235,6 милијарди долари во трговската размена со ЕУ.
- За домашната јавност Трамп изјави дека „некои земји сега се многу возменирени“, но инсистира дека тарифите ќе долеат стотици милијарди долари во буџетот на САД.