- Најмалку 34 луѓе загинаа и 117 се ранети при рускиот напад со балистички проектили врз Суми. Ова е најкрвав напад врз Украина во оваа година.
- Министерот за внатрешни работи на Украина изјави дека проектилите погодиле цивилни цели. Загинале луѓе во автомобили, во градскиот превоз и во домови. Проектилите наводно содржеле касетни бомби.
- Претседателот Володимир Зеленски во интервју за ЦБС му порача на Доналд Трамп да не ѝ верува на Русија и го покани да ја посети Украина пред да преговара со Москва.
- „Ова е ужасен напад. Ме известија дека направиле грешка“, изјави Трамп за нападот.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.