Вести › Набрзинка
Трамп би ја бркал Шпанија од НАТО
- Американскиот претседател сугерираше НАТО да размисли и за исклучување на Шпанија од своите редови, бидејќи земјата заостанува зад неговите таргети во врска со трошоците за одбрана.
- Кога Трамп пресече дека за Алјансата треба да се одвојува пет проценти од националниот БДПО, шпанскиот премиер рече дека тоа е неспоиво со нивната визија за социјалната држава за светот.
-
„Морате да ги побарате и да видите зошто заостануваат. Немаат оправдание за тоа. Искрено, можеби треба да ги исфрлите од НАТО“, предложил Трамп на средбата со финскиот претседател, Александер Стуб.
-
Шпанија е во НАТО од 1982 година.
Ирска станува непослушна кон ЕУ
-
Ирската влада официјално го известила Брисел дека нема да го исполни барањето за воведување построги закони против „говорот на омраза“.
-
Оваа одлука многумина ја гледаат како победа за националниот суверенитет пред централистичките диктати од Брисел.
-
Сè започна во мај 2025 година, кога Европската Комисија ја предупреди Ирска и Финска дека немаат доволно строги закони за говор на омраза и поттикнување насилство па им даде рок од два месеца да се усогласат со важечките (драконски) прописи.
-
Ирска беше охрабрена од сигналите на администrацијата на Трамп дека државите треба ова прашање да го регулираат согласно своите убедувања и околности.