- Втора година по ред министерството за образование ја нема извршено својата основна задача да обезбеди учебници за учениците кои сега ќе добијат „ шарено подврзани скрипти или материјали за учење“.
- „Дали можеби причината за ненавременото изготвување на учебниците се крие во традиционалниот партнер на државните институции управувани од кадри на ДУИ, издавачка куќа и печатница ’Арберија дизајн’ од Тетово?“ прашува Левица.
- Хасим Хамзи првиот човек на „Арберија“ (тогаш фирма за производство на плочи, листови, цевки и пластични маси), за изборите во 2015-та година за партијата ДУИ донирал трикратно повеќе од лидерот Али Ахмети.
- Во 2016, Арберија се преориентира во печатница, а во 2018 почнува да печати и книги. Во 2020, 2021 и 2022, Арберија дизајн само од МОН инаксира речиси 3 милиони евра.
- Илон Маск објави дека во 2027 година ќе подари по една од своите акции во SpaceX на секое дете во Америка.
- Според Бирото за попис, во САД има нешто повеќе од 72 милиони лица помлади од 18 години.
- Ако под поимот „дете“ подразбира малолетник, Маск ќе подари околу 10,5 милијарди долари, сметајќи според актуелната цена на акциите на SpaceX од 146 долари.
- Маск лично поседува 6,4 милијарди акции на SpaceX.
- Неговото ветување се надоврзува на иницијативата Trump Accounts, со која администрацијата на Трамп најави дека ќе им отвори инвестициски сметки на сите деца во САД, со почетен влог од 1.000 долари за оние родени помеѓу 2025 и 2028 година.
- А, пред само еден ден во статијата „Маск печали и од сопствената добротворна фондација“ објавивме колку Маск ја презира и ја злоупотребува филантропијата.
- Од први март следната година започнува со работа новиот систем за наплата на патарини на сите автопатишта во Хрватска.
- Во моментов се поставени 120 портали а вкупно ќе ги има 212.
- Секој портал има опрема за автоматско откривање и идентификација на возила, вклучувајќи камери, сензори и комуникациски модули и овозможува наплата на патарина без запирање на возилото, што го зголемува протокот на сообраќај.
- Претходно возилото треба да биде најавено во системот.
- Ние ќе си тераме со куќички насред автопат.