- Со 53% наспроти 46% од гласовите Словенците на референдум вчера го отфрлија законот за „потпомогнато самоубиство“, кој им овозможуваше на свесни пациенти што тешко страдаат од неизлечиви болести да побараат асистенција да си го завршат животот.
- Сочувството победи. Словенците ја отфрлија владината реформа за здравство, пензии и социјални работи базирана врз смрт со труење, изјави конзервативниот активист Алеш Примц, кој ја водеше кампањата за отфрлање на законот.
- Законот, усвоен во Парламентот во јули, не се однесуваше на пациенти од ментални болести и налагаше претходно да бидат исцрпени сите опции за медицинско лечење.
- Откако законот беше отфрлен на референдумот, владата нема право една година да предлага мерки за ова прашање. „Порано или подоцна ќе имаме таков закон. Следниот пат ќе го направиме подобар“, изјави Андреј Плетерски, еден од авторите на законот.
- Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 30-ина беа повредени, уште во мај требаше да оди во затвор.
- Гостиварскиот суд пред четири дена испратил барање до МВР и СВР Тетово за присилно приведување на издржување на затворска казна.
- Гостиварската полиција не успеала да го најде дома, ниту на други локации.
- Откако Апелација му ја зголеми казната од шест на десет години затвор, Мифтари бараше нејзино одлагање со лекарско уверение за операција на кила на тестиси, но одлагањето на казната одамна му е истечено.