- Скопската градoначалничка го разрешила вд директорот на ЈП Комунална хигиена затоа што оној кретен со пиштолот кај Мавровка му бил брат.
- На разрешениот Зуди Енузи му се признава одлично и професионално менаџирање на јавното претпријатие но „мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието“, вели Данела Арсовска.
- Што вика истиот тој кодекс, до кое колено важи овој преглуп принцип?
- Десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) освои најмногу гласови и пратеници на изборите во Саксонија-Анхалт, но не е јасно дали ќе може да формира покраинска влада.
- АфД освои близу 44% од гласовите, додека владејачките конзервативци на канцеларот Фридрих Мерц се на второто место со 17%, што е 20% помалку отколку на претходните избори. Тоа ја одразува се поголемата непопуларност на владејачка коалиција на федерално ниво.
- Сепак, се очекува конзервативците да формираат коалициска или малцинска влада, во покраината, ако умерените и левичарските партии се придржуваат до политичкиот договор „Сите против АфД“.
- Улрих Зигмунд, „шпиценкандидатот“ на АфД, ја прослави победата како прв чекор кон освојување на власта на национално ниво на сојузните избори во 2029 година. „Луѓето сосема јасно ставија до знаење дека конечно сакаат политички промени и, пред сè, покажаа дека ги сакаат токму со нас“, рече Зигмунд.
- АфД сега е најпопуларната партија во Германија на национално ниво, со поддршка од 28% според неодамнешното истражување на институтот INSA, со што убедливо води пред конзервативците, кои имаат 20% поддршка.
- Првите честитки за АфД пристигнаа од САД.