Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска донесе неколку одлуки за разрешување на началници, помошници на началници и командир на полициска станица во Штип и Кочани.
Сите овие одлуки се поврзани со несреќата во Кочани и загинувањето на 59 лица во големиот пожар во дискотеката „Пулс“.
Разрешени се началникот на Сектор за внатрешни работи Штип, помошник началник на СВР Штип, началникот на Одделение за полиција Штип, началникот на Одделение за криминалистичка полиција Штип, началникот на Одделение за внатрешни работи Кочани, командирот на полициската станица од општа надлежност во Кочани и началникот на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за „целосен и непосреден“ прекин на огнот.
„По долга ноќ на преговори со посредство на Соединетите Држави, со задоволство можам да објавам дека Индија и Пакистан се согласија на преки, целосен и веднаш. Им честитам на двете земји за нивниот здрав разум и големата интелигенција. Ви благодариме за вниманието!“ напиша Трамп на Truth.
Додаде дека тој и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ги поминале последните 48 часа во разговори со високи функционери од двете земји, вклучувајќи ги и премиерите на Индија и Пакистан – Нарендра Моди и Шехбаз Шариф.
Пакистан тргна во одмазничка акција за неодамнешниот индиски напад на девет локации на нивна територија кој пак Њу Делхи го објасни како реакција на претходно убивање на 25 Индијци и еден Непалец.
Индија објави дека биле нападнати неколку нивни воени бази а Пакистан соопшти дека погодиле повеќе цели во Индија и нејзиниот дел на спорниот Кашмир.
Експлозии биле слушнати во индиските Шринагур и Џаму, населението е повикано да остане дома а воздушниот простор во Пакистан е затворен.
Премиерот Шехбаз Шариф го свикал и националното тело за надзор на нуклеарниот аресенал.
Операцијата на Индија се викаше Синдор (онаа црвена точка на женските чела) а возвратната на Пакистан е наречена Бунјанун марсос (بنيان مرصوص: Непробоен ѕид).