- Алатката „умешно“ и многу мудро ги решава вашите проблеми, не трошите време за пишување воведи, апстракти, заклучоци, не трошите време и енергија за барање на литература... има и алгоритам што собира по збор-два од разни извори и не постои голема веројатност дека ќе ја препознаете пишуваната реченица дека е напишана од друг/други автори.
- Ќе има ГИГА-хиперпродукција на „научни“ трудови напишани од вештачката интелигенција, посебно во областите каде што е потребен само текстуален концепт, ќе има „научници“ што ќе публикуваат по стотина научни трудови годишно (веќе ги има такви и во Македонија).
- Каде е тука Македонија? По Кина, Индија, Пакистан, Бангладеш, Бугарија и Брегот на Слоновата Коска, тука при врвот ќе бидеме по научни измами, лаги и видеоленти... Можам само да кажам една реченица што Фрчко ја кажа кога првпат еден кандидат беше избран за претседател: „Сега само ГОСПОД нека ни е на помош“... ако и тој не е веќе хакиран.
- Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
- Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
- Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134.
- Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
- Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
- На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи.
- Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
- Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.