Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бугарското МНР смета дека забраната за фашистички имиња на здруженија ги ограничува правата на Бугарите во земјава

5 ноември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бугарското Министерство за надворешни работи е загрижено дека ќе се ограничат правата на Бугарите во Македонија, поради законските измени за формирање  здруженија.
  • Македонското Собрание на почетокот од овој месец изгласа измени на Законот за здруженија и фондации, со кои се забранува именување здруженија според спорни историски личности кои се поврзуваат со фашизам.
  • Законот ги засегнува бугарските здруженија во земјава, Иван Михајлов во Битола и цар Борис Трети во Охрид кои имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар.
извор

Кина се позиционира како глобален застапник на слободната трговија

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Говорејќи на самитот на АПЕК, Си Џинпинг повика на поотворена трговија и соработка и го критикува Западот за протекционизам, токму пред американскиот претседател Трамп да пристигне во Шенжен.
  • „Треба активно да градиме партнерства за научни и технолошки иновации, да ја продлабочуваме соработката во дигиталната економија и вештачката интелигенција, како и да ја промовираме зелената транзиција со ниска емисија на јаглерод“, изјави кинескиот лидер.
  • Си додаде дека Кина се стреми да обезбеди „постабилна, попредвидлива и покорисна средина за глобалните претпријатија“ и дека ќе продолжи да го проширува пристапот до своите сектори за производство и услуги.
  • „Почнувајќи со намалување на царините, проширување на пристапот и разгледување на регулативите и стандардите за управување, Кина ќе спроведе длабоки реформи“, рече Си.
  • Пред 25 години Америка ѝ помогна на Кина да се приклучи кон Светската трговска организација, со надеж дека тоа ќе ја промени Кина. Улогите се сменија: Вашингтон ги заострува трговските ограничувања, а Пекинг зборува за отворање.
извор

Вести од 21 век: На УКИМ дојде струја

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени.
  • Било договорено УКИМ да ги плати заостанатите сметки најдоцна до петок. Доколку рокот не биде испочитуван, повторно се отвора можноста за исклучување на објектите.
  • Утринава без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Причината биле неподмирени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите на „Плусинфо“, достигнале околу половина милион евра.
  • Дополнителен показател за обемот на проблемот се обврските на јавните и државните институции кон ЕСМ, кои, според податоците на компанијата, надминуваат 24 милиони евра.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
2

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Балканштина
3

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
4

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Балканштина
5

Да му се оди на Васко

Инфо
6

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
7

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

8

Како се победува „Безбеден град“

Македонштина
1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

3

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

4

Чипсот со вкус на сланина се испречи меѓу Британија и ЕУ

Свет
5

Падна и системот на НСА

6

Иран функционира поефикасно без ајатолах

Свет
7

Уште 17 месеци затвор за Хашим Тачи

8

„Дојче банк“ криела трансакции за Епстин и руски олигарси

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ивица и Марица се нефер кон вештерките

Сериозно радио-дифузно пцуење

За покојникот сè подоцна

Исцелителот за хомосексуалноста

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy