- Првото сослушување по тужбата на француската прва дама е закажано на 15 јуни, а во тужбата се наведува прекршување на приватноста и основните човекови права.
- Освен Брижит, ко-тужители се и нејзините три деца од претходниот брак и нејзиниот брат.
- Обвинетите се еден „самопрогласен духовен медиум“ (ко па да постои официјален) и една независна новинарка, кои во декември на Јутјуб ја објавија дезинформацијата дека Брижит Макрон е транссексуалец.
- Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
- Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
- Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134.
- Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
- Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
- На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи.
- Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
- Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.