На некои луѓе навистина треба да им се направи колиба надвор од градот, бидејќи во друг објект не се чувствуваат удобно, па им го загорчуваат животот на сите околу нив.
Каде исчезна оној свет на грижливи луѓе за другите?! Можеби, некои од нас имале среќа, па можеле и да поживеат со понормални комшии, пред да се случи тотален колапс на се пристојно што тој соживот значи!? Или пак, катастрофата отсекогаш била тука, ама лотаријата на животот ни ја одложила за подоцна!?
Заради општите говеда, не се селете, натерајте ги тие да се изместат од лежиштето…
Највлијателната американска медиумска личност порача дека веќе не се смета за републиканец и дека не е сам во тоа напуштање на партиските бои.
Карлсон оценува дека Републиканската партија ги изневерила гласачите со тоа што ги ставила интересите на Израел пред американските.
„Како може кој било Американец да поддржи политичка партија која не е лојална на САД?“ праша Карлсон кој ги поддржуваше републиканците цели 35 години.
Истовремено, тој ја отфрли можноста да им даде поддршка на демократите и рече дека не е сигурен за кого ќе гласа следниот пат.
Влегувањето во војна со Иран сериозно го подели МАГА телото особено откако Марко Рубио се излета и кажа дека на таква одлука Трамп се решил по наговор на Нетанјаху.
17,3 милиони Германци, односно 21% од вкупното население, живееле во домаќинства кои лани не можеле да си дозволат да отпатуваат на еднонеделен годишен одмор поради лоша финансиска ситуација, покажува извештај од Федералното биро за статистика.
Одморот во анкетата не бил дефиниран само како туристички аранжман, туку опфаќал и престој кај пријатели, роднини или во сопствен капацитет.
Самохрани родители биле уште потешко погодени. Само 39% можеле да си дозволат да заминат на одмор со децата.
Сепак, Германците се во поповолна состојба во споредба со просекот во Европската Унија од 28%.
Дури 61% од Романците живеат во семејства што немаат пари да заминат на еднонеделен одмор. На дното на листата се и Грција со 47% и Бугарија и Унгарија со по 39%, според Еуростат.