- Лом, ќе биде лом, само една ослободителна, сите други казни ќе бидат високи и највисоки, му најавила Вилма Русковска на Бојан Јовановски од некогашната 1ТВ, еден ден пред судијката Добрила Кацарска да ги обелодени драконските казни за собраниските инциденти од 27-ми април.
- Во подкаст кај Стефан Лазаров, Боки 13 читаше телефонски пораки меѓу него и Русковска во која таа му ги најавува висините на казните, му бара новинари за одредени теми, сугерира што да биде прашано, се интересира за вработување на нејзин роднина во СЈО....
- Околу проектите и инвестициите кои беа предмет на обвинението против Јовановски, Боки 13 рече дека не биле можни без Заев (за кој кажа дека е човек кој верува на своите лаги), Стефан Богоев, Кирацовски, Ременски...
- Беше спомната и Сања Лукаревска од УЈП за која Јовановски кажа дека е поврзана со скандал тежок повеќе стотици илјади евра и Александар Кирацовски (некогашен генерален секретар на СДСМ), кому Силјан Мицевски, според Боки, на рака му дал коверт со пари.
- Подкастот кој бележи рекордна гледаност, кај нормален човек предизвикува мачнина заради трулоста на институциите и заради тоа како сите тие биле поврзани, како си се викале нагалено (Боки ја викал Русковска „Вилмич“), си оделе на гости, се тинтрале и слично, додека правеле спрдачина од правните процедури, нормите и нормалноста.
- Високи ирански функционери ја предупредиja Европа дека нема право да се жали за високата цена што ја плаќа за поддршката за војната против Иран.
- „Сто милијарди евра не се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, порача шефот на дипломатијата Абас Арагчи.
- Тоа е реакција на изјавата на канцеларот Фридрих Мерц дека војната на САД и Израел против Иран предизвикала штета во Европа од над 100 милијарди евра преку зголемените цени на горивата.
- Арагчи потсети и дека Мерц лани ги поздравил американско-израелските бомбардирања врз Иран, опишувајќи ги како „вршење на валканата работа за Европа“.
- „Кога прославувавте воени злосторства, дали мислевте дека последиците нема да ве погодат и вас? Војната и теророт имаат своја цена. Сега е ваш ред да платите“, порача Мошен Резаеи, шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.
- ЕУ во вториот квартал потрошила 82,7 милијарди евра за увоз на нафта, што е за 32,7 милијарди повеќе од лани, иако обемот на увозот останал речиси непроменет. Цената на гасот во Европа пред неколку дена надминаа 100 евра за мегават-час, што е околу три пати повеќе од нивото пред војната.
- Четири дена пред отворањето на гласачките кутии на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, правото на предвремено гласање го искористиле рекорден број од 47.922.669 Американци.
- Заклучно со петокот на пладне, веќе е надминат е рекордот од 45,9 милиони предвремени гласови на изборите во 2022 година.
- Според анализа на „Election Lab“ при Универзитетот во Флорида, досега гласале повеќе регистрирани демократи отколку републиканци.
- Порастот е особено изразен во сојузните држави каде што се води жестока борба за места во Сенатот – трки што би можеле да одредат кој ќе има контрола врз овој дом во текот на последните две години од претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
- Во Тексас до средата предвремено гласале повеќе од 6 милиони луѓе. Одѕивот е за околу 50% поголем отколку во истиот период во 2022 година.
- Се предупредува дека поголемото учество во раната фаза не мора нужно да значи и поголема вкупна излезност.