- Четири месеци пред изборите за Конгресот, претседателот Доналд Трамп ги отпушти и преостанатите тројца членови од независната федерална комисија која ѝ помага на администрацијата во спроведувањето на изборниот процес.
- Четиричлената комисија формирана во 2003 година официјално постои, но нема ниту еден член. Комесарот предложен од републиканците поднесе оставка, а двајца назначени од демократите добиле имејл од Белата куќа дека им завршува должноста.
- Улогата на Комисијата за изборна помош е да собира информации за изборната администрација, да акредитира лаборатории за тестирање, да сертифицира системи за гласање и да го одржува националниот формулар за регистрација на гласачи по пошта.
- Одлуката на Трамп се поврзува со неговото инсистирање граѓаните да приложат документ за американско државјанство за да им се овозможи да гласаат на избори.
- Вкупно 43 милиони Иранци, односно близу половина од жителите на Исламската Република, присуствувале на погребните церемонии на убиениот врховен лидер Али Хамнеи. Државните медиуми објавија дека тоа било „најмасовната посмртна поворка во светот“.
- Погребот траеше шест дена. Телото на убиениот ајатолах беше пренесено низ пет града – Техеран, Ком, Наџаф, Кербала и Машхад.
- Али Хамнеи беше погребан во најсветото шиитско место во земјата – Храмот на имамот Реза. Последната церемонија била приватна. Впечатливо било отсуството на новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, кој беше ранет при американско-израелскиот напад на 28 февруари во кој беше убиен неговиот татко.
- Во Машхад ајатолахот го испратила поворка од 15 милиони Иранци. Многумина носеле транспаренти и извикувале пароли барајќи одмазда кон САД и повикувале на смрт на Доналд Трамп. Поради метежот не можел да помине камионот со ковчегот на Хамнеи, па тој бил префрлен до светилиштето со хеликоптер.