- За да ја избегне заканата за забрана во САД, ТикТок ќе прави американски клон на неговиот алгоритам за препораки кој ќе важи за 170-те милиони американски корисници на компанијата.
- Со ваков потег, компанијата сака дополнително да ги убеди американските законодавци во нејзината независност од мајчинската кинеска фирма ByteDance.
- Бројот на нивни корисници во САД сугерира дека секој втор Американец е на ТикТок. Платформата е особено популарна меѓу младите.
- Запад смисли начин како воено да ја напаѓа Русија без да гине.
- Берлин ѝ дозволи на Украина да напаѓа воени цели во Русија со оружје кое е донесено од Германија.
- Досегашната забрана за таква употреба Германците ја дигнаа веднаш откако тоа го сторија и САД. За поширокиот контекст на ваквата синхронизираност пишувавме во „Германија реши да прави како што ќе ѝ кажат.“
- Претходно, Јенс Столтенберг рече дека Украина има право да се брани и така што ќе напаѓа цели на територија на Русија.
- Инаку, Франција реши Русија да не биде поканета на одбележувањето на 80 годишнината од победата на фашизмот.