Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Битно се врти пара: ЕСМ со загуба од 28 милиони евра, a ЕВН....(едит)

18 мај 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Државната компанија ЕСМ ја заврши 2021 година со катастрофален минус од 28 милиони евра. Минусот од претходната минусот беше 16,7 милиони евра.

  • Истовремено, австриската „ЕВН АД Скопје“ ја завршила минатата година со добивка токму од 28 милиони евра. Во 2020 година пак, нејзината добивка била 29,5 милиони евра.

  • За незаконското повлекување на струја во октомври, МЕПСО доби фактура од 16,5 милиони евра. Но, МЕПСО од државната каса за решавање на енергетската криза доби повеќе од 16 милиони евра. Годината ја завршиле со плус од 950.000 евра, откако онаа претходната ја завршија со минус од 5,8 милиони евра.
  • До февруари оваа година, за справување со енергетската криза, на државната ЕСМ ѝ беа префрлени 170 милиони евра.

ЕДИТ: Изворот ја сменил веста па сега во наслов се вели: „ЕВН ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ВО МИНУС 40 МИЛИОНИ ЕВРА“

 

извор

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

19 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Професорката д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, е избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија.
  • Д-р Мојсов, заедно со д-р Џоел Хабенер и д-р Лоте Бјере Кнудсен, во изминатите две години добија многу светски научни награди за нивниот револуционерен придонес во развојот на пептидот 1 (GLP-1) сличен на глукагон со што го трансформираа третманот на дијабетес тип 2, помагајќи им на милиони луѓе ширум светот.
  • „Не ми беше важен ниту профитот, ниту признанието – туку вистината. Науката е должност кон човештвото, а најголемата награда за мене се пациентите кои денес живеат подобро благодарение на тоа што го започнавме пред четири децении.“, рече таа на Глобалниот женски појадок 2025, организиран на Институтот за хемија.

Види и: Науката ја исправи неправдата кон Светлана Мојсов

извор

Ванковска: Мултиполарност, македонска перспектива

19 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Да, ние сме „суверени“, но само на хартија. Во пракса, Македонија и понатаму се третира — како и кон крајот на 19 век — како пион на шаховската табла на големите сили. Нашето сонце официјално изгрева на Запад, а политичката елита со задоволство жртвуваше јазик, историја, дури и името на државата, за да влезе во клубот на НАТО.
  • Денешниот империјализам често не доаѓа со чизми и бајонети. Тој доаѓа со конференции, партнерства и „техничка помош“. Тоа е неоколонијализам во кроена облека — а нашите елити, од политичари до академици, служат како негови локални преведувачи.
  • На Украина ѝ беше кажано: спротивставете се по секоја цена — затоа што правдата е на ваша страна. На Македонија ѝ беше кажано: откажете се од името и од минатото — и ќе бидете наградени. Но совеста боли исто.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Машки избор

Балканштина
2

После дојде Артан Груби и го реши проблемот

Македонски рулет
3

Косовскиот кошмар се враќа како зафрканција

Балканштина
4

Машко оро да запливаме

Македонштина
5

Koј е овде верски фундаменталист?

Разно
6

Израелскиот напад ја замолчи иранската опозиција

Свет
7

КФМ ќе ја брише придавката „Северна“

8

Деца ќе изгорат, ама багра ќе остане

1

Газа, криминали нa векот

Мислења
2

Израелскиот напад ја замолчи иранската опозиција

Свет
3

Деца ќе изгорат, ама багра ќе остане

4

ЧетГПТ засекогаш го загади интернетот

Разно
5

Тумор маркери три години пред симптомите

Здравје
6

Личната жртва на Нетанјаху во нападот на Иран

Свет
7

За намалување сообраќајки: Штоп-светла и напред

8

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Машки избор

Македонштина

Машко оро да запливаме

Балканштина

Не им е лесно на балканските франкофони

Македонштина

Шестемина величествени од МВР

Балканштина

Кога жена ти е кочничар на добрите идеи

Балканштина

Што си во подзнак?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто јапонските деца сами одат на школо?

Хамбургерот на Френк Синатра

Ај што е тој тиква, туку зелки што му веруваа...

Корида меѓу Србите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy