Вести › Набрзинка
Татковина е кајшто татко ти избегал од меѓународна потерница
- Ива Михаилова жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава.
-
Михаилова е внесена на Стоп листата на МВР, а тоа значи дека на граничен премин не би требало ниеден граничен службеник да ѝ дозволи излез од Македонија.
-
„Во 2026 година Михаилова не фигурира дека излегла на граница од Македонија иако таа веќе денеска е во Бугарија. Се проверува дали искеширала некого на граница за да не ја внесат во системот и како втората опција – дали избегала на див граничен премин“, пишува Мирослава Симоновска во Слободен печат.
-
„И јас сум затекнат. Претпоставувам дека одлуката ја донела со адвокатот од Бугарија“, вели нејзиниот адвок Насер Рауфи за Вечер.
-
Таткото на Ивана, Симеон Михаилов, правосилно осуден на 12,5 години затвор за обид за убиство на телохранителот на Сашо Мијалков Драганчо Стоименов викан Дацо Белски, кого МВР го бара со меѓународна потерница за отслужување на затворската казна, пред некое време се појави на протест пред македонската амбасада во Софија а гостуваше и на бугарски медиуми.
96% се согласуваат дека нема бетер човeк од Трамп
- Откако американскиот рокер Џек Вајт (White Stripes) кажа дека актуелниот американски претседател е најлошиот Американец на сите времиња, Мирор спровеле гласање и зачудувачки процент луѓе се согласуваат со тоа.
- Вајт реагираше на несмасните изјави на Трамп за оние кои се бунат за цената на горивото: „Иран нека го земе Лос Анџелес, нека го земе Сан Диего...“
- „Еј, републиканци и конзервативци од Лос Анџелес и Сан Диего – како се чувствувате што вашиот Фирер препорачува да бидат нападнати градовите во кои живеете?“, праша тој на Инстаграм.
- На сондажата на Мирор, 96% oд луѓето се согласиле дека Трамп е најлошиот Американец а само 4 посто не мислат така.