- 71 годишен маж со пиштол го застрелал во стомак и гради словачкиот премиер, Роберт Фицо.
- Здравствената ситуација на премиерот е сериозна и лекарите се борат за неговиот живот.
- Фицо како лидер на словачката левица беше назначен за премиер на Словачка по четврти пат на крајот на октомври минатата година. Во предизборната кампања вети дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина и го критикуваше воведувањето санкции против Русија. Има 59 години.
- Руски воен брод во либиското пристаниште Бенгази бил нападнат со дронови лансирани од Албанија, објави порталот Clash Report, близок до властите во Анкара. Анонимни извори на порталот ги отфрлаат како „обид за одвлекување на вниманието“ претходните вести дека дроновите биле пуштени од западна Либија.
- Агенцијата Асошиетед прес претходно објави дека нападот врз руската корвета „Меркури“ го извршиле украински експерти за беспилотни летала од базата Мисрата, врз основа на таен договор со признаените либиски власти.
- Ниту еден од овие извештаи не е потврден од независен извор, ниту од Москва или Киев.
- Ова би претставувало еден од најоддалечените удари на Украина врз руски воен брод – илјадници километри од нејзините граници.
- Меѓународно признаената либиска Влада со седиште во Бенгази соопшти дека прелиминарните наоди укажуваат на „напад со беспилотно летало врз руски брод што се враќа во Русија“. Не го именуваше бродот, ниту обвини некого.
- Премиерот Роберт Фицо најави дека Словачка нема да учествува во новата програма на Европската Унија за кредитирање на Украина, вредна 45 милијарди евра.
- Фицо вети дека Братислава ќе продолжи да ѝ дава хуманитарната поддршка за Украина, но не прифаќа кредитирање за воени цели затоа што така само се продолжува војната.
- Спорот околу финансиската помош од за Киев ќе биде на дневен ред на денешниот состанок на Вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија – на кој ќе присуствува и австрискиот канцелар.
- Заклучоците ќе бидат изнесени на самитот на ЕУ на самитот на крајот од оваа недела, на кој ќе се расправа за буџетот на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година. Германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна се закани со блокирање на седумгодишниот буџет на ЕУ ако сите земји-членки не се обврзат на финансирање на Украина.
- И бугарскиот премиер Румен Радев неодамна во Даблин најави дека Софија повеќе нема да обезбедува оружје или финансиска помош за Украина. Поддршката од Бугарија ќе биде строго ограничена на хуманитарни и медицински потреби, како и на обновување на енергетскиот сектор.