Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Астероидот ДОГЕ ја поштеди НАСА

20 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Белата куќа во последен час ја одложила намерата да отпушти 10% од вработените во НАСА, во рамките на акцијата за кратење непотребни трошоци од федералниот буџет. Одлуката не значи дека нема да има отпуштања по некој месец.
  • Со метлата требаше да бидат опфатени повеќе од 1.000 вработени во Вселенската администрација. Одделението за владина ефикасност ДОГЕ на Илон Маск спроведе ревизија во десетте центри на НАСА.
  • Причината за одложување на отказите не е објавена, но извори на „Арс техника“ тврдат дека тоа го побарал Џаред Ајзекман, астронаутот што од претседателот Доналд Трамп е номиниран за нов шеф на НАСА.
  • Околу 750 вработени веќе ја прифатиле понудата од владата да добијат отпремнина за да заминат до септември. По околу 1.000 вработени и онака ја напуштаат НАСА секоја година, па се избегнува да им се плати отпремнина на оние што веќе решиле да заминат на други места.

 

извор

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, се во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник Њујорк Тајмс. Текстот бил поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание “Ecology Letters”.
  • На островот живеее исклучително густа и навидум просперитетна популација желки. Меѓутоа, зад оваа бројност се крие сериозен проблем: половата структура е драматично нарушена. На секоја возрасна женка има по 19 мажјаци, што претставува екстремна диспропорција со далекусежни последици.
  • Ваквиот дисбаланс резултира со изразена сексуална агресивност кај мажјаците, кои неретко се обидуваат да се „парат“ и меѓусебно. Женките се изложени на постојан прогон, стрес и физички повреди. Во обид да избегаат од агресијата, дел од женките завршуваат преку стрмните островски карпи - во провалија и сигурна смрт.

* Линк до трудот на д-р Драган Арсовски

* Види и: Што ги натера македонските желки да станат геј?

извор

Полска ќе бара воени репарации и од Русија

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Полска најави дека официјално ќе поднесе барање за воени репарации од Русија, за злосторства извршени од Црвената армија во Втората светска војна и во периодот на советските интервенции во Студената војна. Премиерот Доналд Туск наредил формирање тим историчари за да ги проценат штетите. 
  • Варшава веќе побара од Германија да ѝ плати 1.300 милијарди поради злосторствата извршени од нацистичките сили за време на Втората светска војна. Канцеларот Фридрих Мерц одговори дека од перспектива на Берлин, прашањето за репарации одамна е правно и политички затворено.
  • Бартош Гондек, директор на институтот задолжен од Туск, изјави дека истрагата за Русија е пообемна, со оглед на тоа што Полска поминала четири децении под советско влијание.
  • Коментирајќи ја заканата од Полска, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави: „Како репарација, можеме да обезбедиме линк до видеото од операта Иван Сусанин“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Може замена за буквар?

Македонштина
2

Зошто атрактивната Холанѓанка после секоја трка се соблекува пред камера?

3

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
4

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
5

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина
6

Столе Димитриевски бранеше како мачка, Валенсија победи

Фудбал
7

Драги Холанѓани, затнете нос и голтнете

Онака
8

Времето ги открива улогите

Разно
1

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
2

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
3

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
4

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

5

Старееме најбрзо во Европа

6

Калифорнија купува американски бензин преку Бахамите

Свет
7

Разјаснета врската помеѓу вакцините и згрутчувањето на крвта

Здравје
8

За СДСМ е понижувачко што Вучиќ спомнал дека Шеќеринска е женско

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Зошто го сакаме Балканот

Македонштина

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина

Може замена за буквар?

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина

Орајте ноќеска само за неа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Добриот град далеку се слуша

Мозочно карате

Кога музичарите не се трпат

Вреди ли уште диплома од Европа?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy