- Соборениот сириски претседател Башар Ал Асад избегал во Русија, каде со семејството добил азил од хумани причини, соопштија руски медиуми.
- Претходно циркулираа информации дека авионот со кој ја напуштил Сирија се има срушено.
- Израел веднаш распореди свои трупи во Сирија а Џо Бајден победоносно порача дека „режимот конечно е срушен.“
- Од упадот во домот на семејството на Асад. Нашле Луи Витон торби. Само ние не ја најдовме Луи Витон торбата.
- Седумнаесетгодишен ученик од Првото техничко училиште во Крагуевац денеска изутрина пукал од малокалибарска пушка врз помошен персонал во училиштето и ранил две лица.
- Една жена која била во портирницата била ранета во ногата, а друга била повредена од скршено стакло.
- Веднаш интервенирала полициска патрола и го привела вооруженото момче. Сите деца и наставници во училиштето се безбедни, објави „Глас Шумадије“.
- Полицијата го обезбедува целиот простор околу училиштето. Учениците и наставниците остануваат во своите училници, наведува локалниот портал.