- Американскиот водител и новинар го изгуби судскиот спор со семејствата на 8 загинати деца во масакрот во Сенди Хук и ФБИ агентот кој одговорил на нападот.
- Тужителите од Џонс бараа минимум 550 милиони долари, добија 965.
- Алекс Џонс тврдеше дека масакрот е наместен, дека дел од загинатите никогаш не постоеле, а родителите на загинатите се актери.
- Во август, Џонс изгуби случај против други семејства на загинати во Сенди Хук, во кој доби казна од 49,3 милиони долари.
- Во масакрот загинаа 28 лица, од кои 20 беа деца на 6 и 7 годишна возраст.
- Ерменија би можела веќе во 2027 или во 2028 година да поднесе официјално барање за членство во Европската Унија, изјави премиерот Никол Пашинјан.
- Премиерот ја опиша временската рамка на процесот: поднесување апликација, одговор од ЕУ, изготвување патоказ и на крајот референдум.
- Ереван сега е фокусиран на дијалогот со Брисел за визна либерализација. Целта е овој процес да заврши до 2029 година.
- Русија објаснува дека Ерменија, како членка на Евроазиската економска унија, не може во исто време да биде кандидат за членство и во Европската Унија. Лидерите на другите членки на ЕАЕУ побараа од Ереван да организира референдум на кој граѓаните би гласале во кој блок треба да учествува нивната земја.
- Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев отворено го предупреди Ереван: „Најлошото нешто што може да ѝ се случи на Ерменија е таа да се претвори во нова Украина“
- Демократите го презедоа мнозинството и во Претставничкиот дом, што им дава силно политичко оружје да блокираат одлуки на претседателот Трамп.
- До потребното мнозинство од 218 конгресмени стигнаа уште пред да бидат познати резултатите од 90 преостанати изборни трки.
- Претходно републиканците останаа без мнозинство и во Сенатот, откако изгубија најмалку седум места.
- На изборите во сојузните држави презедоа 4 гувернерски позиции од демократите.
- Претседателот Трамп најави дека ќе соработува со демократското мнозинство во двата дома на Конгресот, но одби да ги прифати катастрофалните резултати како пораз на неговата политика. Забележа дека републиканците „убедливо ќе победеле ако неговото име било на гласачките ливчиња“.