Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ахмети до Украинците: Ќе ги победите, како што ние ги победивме Македонците

26 јануари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Се сретнав со една делегација од Украина и им реков: ‘Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’ – рекол Ахмети во Шипковица.
  • За Украина рекол дека „како земја сме се солидаризирале со оваа држава, која се наоѓа во војна, но немаме повеќе можности да сториме, освен да им испратиме музичка група“.

  • После евоцирал спомени.

извор

Куба, извини за нашите вазали

30 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Македонија беше меѓу седумте земји во светот што се построија на ѕидот на срамот во ОН и гласаа ПРОТИВ укинувањето на американските санкции за Куба, кои се на сила веќе 63 години. Резолуцијата беше усвоена со огромно мнозинство од 165 гласа. Дванаесет земји беа воздржани, а против гласаа – САД, Македонија, Израел, Украина, Унгарија, Парагвај и Аргентина.
  • Резултатите, иако не онакви какви што сакаше Вашингтон, беа дел од стратегијата на оваа северна нација во неделите пред гласањето... Белата куќа ги употреби сите свои оружја и трикови, особено принудата, но вистината, законот, разумот и правдата се секогаш помоќни и поубедливи. Уште еднаш, мнозинството од меѓународната заедница е на страната на Куба. Како што рече претставникот на Никарагва во ОН: „Солидарноста е посилна од уцената“, пишува кубанскиот државен весник „Гранма“.
  • Лани против укинување на санкциите за Куба беа само САД и Израел. Македонија во изминатите три години гласаше за укинување. Резолуцијата не е обврзувачка, но е моќен дипломатски израз на поддршка на земјата што е повеќе од половина век под санкции. „Блокадата е политика на колективна казна. Таа е флагрантно, масовно и систематско нарушување на човековите права на Кубанците“, изјави шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез.
  • Пред две години, на приемот на новоназначената амбасадорка на Куба во Македонија, пратеници ѝ порачаа: „Земјава придава големо значење на натамошниот развој на пријателските односи и севкупната соработка со Куба, заинтересирани сме за унапредување на соработката во сите области и за подигнување на динамиката на политичкиот дијалог на парламентарно нивно“.
  • Амбасадорката Мариета Гарсиа Хордан кажа дека „во нас гледа како на многу добри пријатели“ и истакна дека историската врска е подолга од 20-годишните билатерални односи. Се заблагодари за „одличната“ соработка во ОН, со заемно поддржување на кандидатурите за членство во различни тела. Притоа беше забележано дека Куба „традиционално и континуирано добива поддршка од Македонија при гласањето на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за целосно укинување на економското ембарго на САД против Куба“.
извор

Трамп спушти царини, Си дава ретки минерали

30 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Претседателите на САД и на Кина постигнаа договор за надминување на трговската војна. Трамп ги намали американските царини за кинески производи за 10% (од 57% на 47%), а Си одобри извоз на ретки минерали за САД. Договорот ќе важи една година, со можност да биде обновуван.
  • На 40-минутниот разговор во Сеул, Трамп и Си разгледувале начини како да ѝ овозможат на Кина да купува напредни чипови од американската компанија Nvidia.
  • Трамп ја опиша средбата со Си како „Г2“, алудирајќи дека САД и Кина се економски најмоќните светски сили, далеку над форматите Г7 или Г20. Најави дека во април в година ќе ја посети Кина, а потоа Си би ги посетил САД.
  • Разговарале и за војната во Украина. „Ако двете страни се заглавени во војна, понекогаш треба да ги оставите да војуваат. Лудо“, забележа Трамп. Воопшто не разговарале за заканите од Пекинг за насилна реунификација со Тајван.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кај нас вака некои толкуваат изборни резултати

Балканштина
2

Крајно сомнителен увоз во Црна Гора

Балканштина
3

Празнична клетва

Македонштина
4

Оди па после не ја пеј вака

Балканштина
5

Пробај на странец ова објасни му го

Македонштина
6

Како за професор, бааги неписмен

Македонски рулет
7

Џефри Сакс за Венецуела: Просто е

Разно
8

Протести во Ново Место, престрелки во ромски населби

1

Протести во Ново Место, престрелки во ромски населби

2

Белчева го прашува Герасимовски: Како кај Треска ќе живеат 5.000 луѓе?

3

Такви тротоари имаме, уште суд да се најдеше

Урбан
4

Бил Гејтс се отрезни: Баталете климатски цели, помогнете им на луѓето

Свет
5

Американски војници си одат од базите во Романија

6

Кенеди бара повеќе месо и јогурт во исхраната

Здравје
7

Тексас тужи поради криење на ризиците од Тиленол

Здравје
8

Дружината на Обама сака глобална цензура на интернет

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Празнична клетва

Балканштина

Крајно сомнителен увоз во Црна Гора

Балканштина

Оди па после не ја пеј вака

Балканштина

Кај нас вака некои толкуваат изборни резултати

Македонштина

Пробај на странец ова објасни му го

Балканштина

Балкански фентанил

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

"Продавам син, дебил"

Кога Сидран сонуваше на македонски

Македонскиот јазик е неуништлив

Груевски да се произнесе дали се сретна со овој човек

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy