- Администрацијата на Трамп ги суспендира Microsoft и уште неколку технолошки компании од програмата што им овозможува на странски работници со визи H-1B да добијат „зелени карти“.
- Потпретседателот Џ.Д. Венс истакна дека Микрософт најмногу од сите санкционирани фирми го злоупотребувал визниот систем. Лани отпуштил 6.000 американски работници и во исто време ангажирал 6.300 лица со визи H-1B и речиси 3.000 со „зелени карти“.
- Со визи H-1B право на престој во САД своевремено добиле актуелниот директор на Микрософт, Сатја Надела, како и Илон Маск.
- Венс додаде дека девет универзитети - Харвард, Јејл, Стенфорд, Браун, Питсбург, УК Дејвис, Калтек, Аризона Стејт и МИТ - ја злоупотребувале програмата за визи J-1, која им овозможува на странци да работат и да студираат во САД во замена за легален статус.
- „Не ми е важно колку престижен се сметаат универзитетите. Ако некој го прекрши законот и ако ги изигра Американците, лично ќе му ставам лисици на рацете среде универзитетскиот плоштад“, предупреди Ентони Д’Еспозито, генерален инспектор при Министерството за труд.
- Пентагон најави телевизиски пренос „во живо“ од јавната егзекуција на Нидал Малик Хасан, осуден на смрт поради убиство на 13 војници во базата Форт Худ во Тексас во 2009 година.
- Хасан на 3 декември во 13 часот ќе биде изведен пред стрелачки вод. Армијата последен пат го користела овој начин на егзекуција во 1945 година, кога војникот Еди Словик бил стрелан поради дезертерство. Последната смртна казна ја извршила со бесење во 1961 година.
- Јавното погубување го одобрил претседателот Доналд Трамп, по препорака од министерот за одбрана Пиг Хегсет.
- Само неколку земји во светот – Авганистан, Иран, Саудиска Арабија и Северна Кореја - спроведуваат јавни егзекуции на лица осудени на смрт.
- Извршувањето на смртната казна повторно е главна тема во САД откако пред една недела во Тенеси не успеа егзекуцијата на Криста Пајк. Таа преживеа две дози од смртоносниот седатив пентобарбитал и од завчера повторно е свесна и способна да се движи.