- Пентагон најави телевизиски пренос „во живо“ од јавната егзекуција на Нидал Малик Хасан, осуден на смрт поради убиство на 13 војници во базата Форт Худ во Тексас во 2009 година.
- Хасан на 3 декември во 13 часот ќе биде изведен пред стрелачки вод. Армијата последен пат го користела овој начин на егзекуција во 1945 година, кога војникот Еди Словик бил стрелан поради дезертерство. Последната смртна казна ја извршила со бесење во 1961 година.
- Јавното погубување го одобрил претседателот Доналд Трамп, по препорака од министерот за одбрана Пиг Хегсет.
- Само неколку земји во светот – Авганистан, Иран, Саудиска Арабија и Северна Кореја - спроведуваат јавни егзекуции на лица осудени на смрт.
- Извршувањето на смртната казна повторно е главна тема во САД откако пред една недела во Тенеси не успеа егзекуцијата на Криста Пајк. Таа преживеа две дози од смртоносниот седатив пентобарбитал и од завчера повторно е свесна и способна да се движи.
- Специјалниот американски пратеник Џаред Кушнер преговарал со рускиот колега Кирил Дмитриев за рестартирање на двата гасоводи од Северен тек, преку кои Русија пред војната испорачуваше гас за Германија.
- Кушнер и Дмитриев ја разгледувале идејата за вклучување на американски инвеститор во проектот. Рускиот гигант Газпром поседува 51% од Северен тек, 31% се на два германски субјекта, а остатокот е кај фирми од Франција и Холандија.
- Гасоводите се затворени како дел од санкциите од САД и ЕУ за Москва поради нападот врз Украина. Во 2022 година беа разнесени во диверзантска акција за која се обвинети поранешни украински војници.
- Иако германската индустрија сега трпи последици од енергетската криза, владата на канцеларот Мерц тврди дека веќе има алтернативни извори на енергија и дека е против отворањето на гасоводите додека трае војната во Украина. Опозициската партија АфД, која сега има највисок рејтинг во земјата, бара гасоводите да бидат отворени веднаш.