Вести › Набрзинка
Каевски, Мојсоски, Димевски обвинети за дубари со спортски ваучери
- Наумче Мојсоски, актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претходниот директор на агенцијата и Даниел Димевски, првиот човек на Македонскиот олимписки комитет се на листата од 12 лица за кои денеска е поднесен обвинителен акт во врска со доделувањето на т.н спортски ваучери.
- Во февруари минатата година ДКСК побара кривично да се гони директорот на АМС, Наумче Мојсоски. ДКСК се сомневаше дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле доделени.
- Лидер објави дека ОЈО бара мерки на претпазливост за Дарко Каевски, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски.
- Каевски се изјасни за невин, обвинувањата ги отфрли како неосновани а се сомнева и во тајмингот на покренување на предметот.
Скопје 2014: Колку нè чини незавршеното
-
Четири милиони евра за руини, 24 милиони за празнини, сумира Призма во статија за трошоците за недовршените објекти, оставени фасади и заборавени градилишта од проектот Скопје 2014 кој чинел над 700 милиони евра.
-
Постојат два завршени објекта што стојат празни, а кои, според сумите наведени во договорите за изградба, вредат 24 милиони евра.
-
Зградата позната како „Пелагонија“ и деловниот објект на ЕСМ кои е наоѓаат на левата и на десната страна од Триумфалната порта, стојат така, поради што „Пелагонија“ не се ни користи, додека тој на ЕСМ функционира со тешкотии.
-
Објектите кои требаше да бидат за Финки и за Факултетот за физичка култура и натаму зјаат како празни бетонски карабини, со штици на куполите што пожолтуваат од временските влијанија.
-
Работник не се појавил околу пет години.