Стотици граѓани предводени од оној цреп Џамбаски (види: Говно глупо и нацистичко и Остав, Џамбаски, остав) направија тензии пред Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, незадоволни од поставувањето на претставата „Arms and the Man“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович.
Бараат симнување на претставата и оставка од директорот на театарот, Васил Василев.
Претставата била антибугарска, ги исмевала бугарските војници и бугарскиот народ.
Втора година по ред, на врвот на листата на даночни должници во Хрватска е претприемачката од Риека, Гордана Добријевиќ, обвинета од државата за царински прекршоци и затајување акцизи и даноци во износ од 69,9 милиони евра.
Исто така втора година по ред, на врвот на листата на компании со најголем долг кон државата е нејзината D.M.G.S. Trade Desk, со долг од 38,9 милиони евра.
Државата бара уште 39,8 милиони евра од Мара Добријевиќ, мајката на Гордана, така што вкупното побарување на државата од семејството изнесува 147,7 милиони евра.
По барање на министерството за финансии, отворен е стечај за компанијата која се товари за вкупен долг од 333,9 милиони евра.
Иран и САД се согласија да ги запрат последните судири во Персискиот Залив и да ги продолжат разговорите за спорот околу Ормускиот теснец.
„Договорено е да се продолжат техничките преговори за сите делови од меморандумот за разбирање. Двете страни засега ќе се повлечат, а бродовите можат слободно да се движат“, рекол американски функционер.
Ирански проектил имаше погодено товарен брод во теснецот па Трамп се закани дека ќе го снема Иран па овие нападнаа американски бази во Бахреин и Кувајт.
Примирјето фактички не важи за Израел кој уништи уште едно село во Либан тврдејќи дека под него се наоѓала инфраструктура за Хезболах.