50 години затвор за монструмот од Дарувар
3 јули 2025
- На максимална казна од 50 години затвор е осуден Крешимир Пахоки, пензиониран хрватски воен полицаец, поради убиство на својата мајка и на уште пет лица во дом за стари лица лани во Дарувар.
- Во вкупната казна се вклучени 25 години затвор за убиство на мајката, по 21 година за убиства на четири лица од домот, 15 за убиство на негувател и по 10 години за обид на убиство на лицата што ги ранил.
- Пахоки го изврши злосторството лани на 22 јули. Вооружен со револвер пукал во својата мајка, а потоа и во сите други немоќни лица што ги видел во старечкиот дом. Убивал без милост. Истрелал 14 куршуми и два пати го наполнил револверот.
- Спроти објавувањето на пресудата тој изјави дека не се чувствува виновен за ниту едно од 13-те обвиненија.