24 години од масакрот во Вејце
28 април 2025
-
Осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица битолчани, на денешен ден пред 24 години, упаднаа во заседа и беа убиени и масакрирани кај селото Вејце во месноста Бреза, во конфликтот во 2001 година.
-
Убиени беа Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
-
Уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница: „Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изгинеме за Македонија..“ (Масакрот кај Вејце)
Види и: Стани Цаци да те плука народ