*********
Уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница:
Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изгинеме за Македонија...
*********
Од припадници на паравоената формација ОНА, на 28 април 2001 година, попладнето во 17:45 часот на кривината Црвен камен во месноста Бреза, на средина од планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце - тетовско од заседа беа пресретнати, нападнати, убиени и на крај ѕверски масакрирани осум, а ранети тројца припадници на безбедносните сили на Република Македонија.
Откако со истрели од близина се усмртени тешко ранетите, но сѐ уште живи припадници на безбедносните сили на Република Македонија, терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките и со бодење на веќе мртвите тела на македонските бранители со длабоки убоди предизвикани со вртење од таканаречен "кинески" нож. На крај тројца полицајци, сѐ уште живи биле запалени и целосно изгорени.
**********
Види и: