- Падна во вода дисциплинската постапка за Талат Џафери за прекршување на Етичкиот кодекс со пцовки и навреди кон вработените во Собранието (види: „Командант Скопско“ је мало попио) бидејќи така реши мнозинството кое има мнозинство и во Комисијата за деловнички и имунитетни прашања.
- Мнозинството оценило дека Собранието под раководство на Џафери добило високи пофалби од меѓународните институции.
- На 28 април 2001 година во 17:45 часот од заседа кај Вејце ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина македонски специјалци и полицајци. Веднаш по осумкратното убиство, очевидци кои присуствувале на увидот потврдија дека специјалците биле ѕверски касапени и мачени со ножеви, а потоа живи запалени.
- „Интересно е што тој ден дежурен во касарната во Тетово бил командант Форина. Токму затоа го прашуваме командант Форина, односно Талат Џафери да каже што знае за оваа заседа и зошто неколку дена подоцна дезертираше од АРМ“, праша Стојанче Ангелов во 2013 година, кога уште покажуваше знаци на човечки интегритет.
- Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
- Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
- „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
- Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
- Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.
- Бундестагот го одобри контроверзното проширување на овластувањата за германските разузнавачки служби, претворајќи ги од пасивни во активни алатки за борба против закани.
- Службата за надворешно разузнавање (BND) и за внатрешна безбедност (BfV) досега беа ограничени на собирање и анализа на информации, кои ги проследуваа до полицијата.
- BND сега ќе има право да врши хакерски напади за да спречи кибернетски закани од странство.
- Агенти на BfV ќе можат тајно да упаѓаат по домови за да монтираат уреди и софтвер за прислушување и надзор, да манипулираат со апарати и да неутрализираат оружја. Агентите нема да смеат да користат насилни методи, а апсењата ќе останат во надлежност на полицијата.
- Министерот за внатрешни работи Александар Добринт го опиша законот како „реформа на векот“. Тврди дека на Германија ѝ се потребни посилни разузнавачки служби за да се соочи со зголемените закани од тероризам и непријателски хибридни напади од други држави.
- Опозициските партии од десницата и левицата оценија дека широките овластувања всушност ќе создадат нови тајни полициски сили, кои може да се споредат со Штази или Гестапо. Овие партии, како и групи за граѓански слободи најавија дека го обжалат законот пред Федералниот уставен суд.