Вести › Набрзинка
„Освежување“ во владината коалиција
-
Лојалниот партнер на СДСМ, генералот Николовски, на изборите ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ.
-
„Каде што е власта таму треба да бидеме и ние“.
-
„Ние како Партија на пензионери досега бевме дел од коалицијата со СДСМ. Водевме дискусија во извршниот и централниот одбор. Од 100 присутни членови, само неколкумина предложија да настапиме самостојно, ниту еден не беше за останување со СДСМ, а дури 90% се изјаснија за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е јасна, да одиме со власта“, изјави Николовски.
-
Немале да бараат само повеќе советнички места, туку и министерски и директорски позиции.
-
Николовски беше еден од оние кои гласаа да си го смениме името.
Зеленски се повлече од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Украинскиот претседател потпиша декрет со кој Украина се повлече од договорот од Отава за забрана на противпешадиските мини.
- Зеленски ваквата одлука ја образложи со „реалноста на војната“ и потребата Украина да се ослободи од „нерелевантните обврски“ од договорот.
- Претходно од договорот се повлекоа и Финска, Полска, Летонија, Естонија и Литванија, земји кои имаат копнена граница со Русија. „Мините не прават разлика дали ги стапнал војник или дете,“ пишавме во веста „За да се одбранат од руски напад, си ја минираат сопствената иднина.“