Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

10-те дена кои го потресоа финансискиот свет

26 март 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во рок од само 10 дена, глобалниот финансиски систем повторно беше потресен. Приближно толку изнесуваше временската рамка помеѓу колапсот на калифорниската Банка на Силициумската долина, 16-та по големина американска банка, и онаа на 167-годишната Кредит Свис.
  • „Владите и централните банки ќе ве натераат да верувате дека и во двата случаи, се најдоа решенија без да се користат средства од даночните обврзници. Мали се шансите тоа да е точно“, пишува Изабела Каминска, финансиски уредник во европската редакција на Политико.
  •  Финансискиот систем никогаш не беше навистина спасен после финансиската криза во 2008 година, туку само ставен на вештачко дишење. Сега и тоа пропаѓа и повторно се повикува на социјализација на загубите.
  • Се раѓа финансиски свет каков што сме гледале во комунистичките земји каде државата ги управува банките каде да алоцираат фондови. Во комбинација со дигиталните валути на централните банки, ова ќе ги сведе банките на обични проксија на државата, со несигурни последици за ефикасна распределба на капиталот и инфлацијата.
извор

500 француски школи се затворени поради протестите

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 500 средни училишта во Франција се затворени заради протестите на учениците во нивните лицеи кои минатите денови знаеја да бидат и насилни. 
  • „Безбедносните услови не се исполнети“ гласи официјалната причина за неработењето, особено што за утре се најавени и помасовни протести. 
  • 24 училишта биле запалени или ограбени а 78 вработени  повредени од почетокот на протестите.
  • Тинејџерите од француските средни училишта се жалат на чести отсуства од работа од страна на наставниците, предолги училишни денови и дотраени објекти. Тие протестираа и поради недостатокот на соодветно ладење во жешките летни денови.
извор

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во еден од становите на пониските катови живее една мајка со нејзините два сина. Таа е одамна изморена, со длабоки бразди околу очите и раце што ги носат сите белези на десетлетија поминати во грч. Мајка која предолго молчи и премногу простува.
  • Едниот син, љубимец на одамна починатот татко, е локалниот маалски лик. Фаворизиран, а всушност полуписмен, но неверојатно гласен.  Другиот син е негов антипод. Тивок човек, грижлив, трпелив и необично мудар за своето време.

  • На најгорниот кат, во пространиот, совршено осветлен пентхаус, живее еден Господин. Води ексклузивен, привилегиран социјален клуб за одбрани станари. Сака сите станари од зградата конечно да станат дел од тој клуб, за да се создаде една „елитна заедница“, отпорна на провинцијализам и мирис на евтина кујна.
  • Господинот е врвен пресметлив манипулатор. Проценувајќи го секој стан одделно, тој прави непогрешлива дијагноза и за ова семејство. Истрајниот, син е премногу горд и проницлив, не подлегнува лесно на уцени, заклучува тој. Затоа, својата стратегија ја насочува кон попречниот, плиток и поткуплив син, зависникот.
  • Господинот знае дека корисниот идиот е најкорисен кога не е свесен за сопствениот идиотизам па затоа смислено го велича, му подидува и го бодри.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Самоил и дупките

Балканштина
2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
4

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
5

Мирисот на Мосад

Разно
6

Поетски толкувања

Балканштина
7

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
8

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
4

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

7

Америка ги повлече сите свои бомбардери од Британија

8

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Љубовно пакетче за Скопје

Како се асфалтира улица во Битола

10-те наци џез заповеди

30-те техники за пишување на Керуак

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy