Шоуто на Џими Кимел се врати во етерот една недела по суспензијата поради коментари на водителот во врска со смртта на Чарли Кирк.
Кимел низ солзи се извини за спорните коментари, за кои оцени дека бил лошо срочени и кажани во лошо време. „Никогаш немав намера да поминам лесно преку смртта на Кирк. Немаше ништо смешно во тоа. Ниту пак имав намера да обвинам која било специфична група“, порача Кимел во воведниот монолог.
Тој ѝ изрази почит на вдовицата Ерика Кирк поради тоа што јавно му дала прошка на убиецот на нејзиниот сопруг. Им се заблагодари на оние лично му изразија поддршка и протестираа против суспензијата на неговото шоу.
Емисијата на телевизијата ABC, сепак, не се врати за сите гледачи. Речиси 70 станици во сопственост на бродкастерите Синклер и Некстар одбиле да продолжат да го емитуваат шоуто.
На враќањето на Кимел во етерот жестоко реагираше претседателот Доналд Трамп, кој најави акција против телевизискиот канал. „Не можам да верувам дека ABC лажните вести го вратија Џими Кимел на работа“.
Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.